Мафини со Чоколаден Крем

421

Споделувајте љубов секој ден, не само денес. А, доколку денес сакате да ги изненадите вашите сакани со вистинско слатко задоволство, овие прекрасни мафини со чоколаден крем кои ги подготви chef.kitchen18 дефинитивно ќе ги задоволат сите ваши сетила. Погледнете сѐ што ви е потребно за нивна подготовка.

Мафини со Чоколаден Крем

Подготовка 15 мин
Готвење 28 мин
Вкупно Време 43 мин

Состојки

За мафини:

  • 100гр Путер
  • 100гр Шеќер
  • 2 Јајца
  • 200гр Меко брашно
  • 15гр Какао
  • 6гр Прашок за пециво
  • 100мл Слатка павлака
  • 50гр Бадеми
  • 80гр Чоколадо во плочки

Чоколаден фил:

  • 220гр Путер
  • 600гр Шеќер во прав
  • 50гр Какао
  • 125мл Млеко
  • 1 Лажичка ванила екстракт

Инструкции

  • Во длабок сад ги ставаме путерот и шеќерот и ги матиме со жица 5 до 6 минути, сѐ додека не станат пенасти. Потоа ги додаваме јајцата и повторно матиме додека смесата не се соедини. Откако смесата ќе се соедини ги додаваме брашното, какаото и прашокот за пециво и сите состојки убаво ги соединуваме со лажица. Кога ќе се соединат состојките ја додаваме слатката павлака, крупно сецканите бадеми и парченца чоколадо. Потоа од смесата ставаме во книжени корпички калап за мафини и ги печеме на 180 степени од 25 до 28 минути.
  • Крем
    Во сад ставаме путер и го матиме пенасто. Потоа постепено додаваме 100 до 125 ml млеко, откога ке се соединат постепено го додаваме шеќерот во прав и какаото и матиме додека убаво не се соединат. Кога ќе биде спремен го ставаме да отстои 1 час во фрижидер и може да се користи. Одозгора може да се стави топло желе направено од малини и желатин или декорирајте по ваш избор.
Оброк: Десерт
Keyword: mafini, мафини

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close