Мов Торта

708

Дали некогаш би претпоставиле дека зелената боја на оваа торта се добива од спанаќ? Навистина магична комбинација со необичен вкус, кој дефинитивно не смеете да го пропуштите. Погледнете што сѐ ви е потребно за подготовка на оваа мов торта која ни ја испрати bake_someonehappy_.

Мов Торта

Подготовка 20 мин
Готвење 40 мин
Вкупно Време 1 саат

Состојки

  • 3 поголеми јајца
  • 1 чаша шеќер (150гр)
  • 1 чаша масло за јадење (120мл)
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 2 чаши брашно
  • 150-200 гр спанаќ

Фил

  • 150-200гр малини, капини
  • 50-70гр шеќер во прав
  • 250гр крем сирење
  • рендана кора од еден лимон
  • 1 лажица лимонов сок

Инструкции

  • Исчистениот и измиен спанаќ ,бланширајте го 1-2 минути во врела вода. Убаво исцедете го. Сомелете го во блендер. Уклучете ја рерната на 180° С
    Во длабок сад, матете ги јајцата и шеќерот (5 минути). Додадете ги останатите состојки и матете уште 1-2 минути. Добиената смеса истурете ја во претходно подготвен калап за печење (20 цм). Печете 40 минути на 180°С (проверете!) Печената кора оставете ја целосно да се олади.
  • Состојките за фил ставете ги во длабок сад и со стап-миксер, мешајте додека добиете хомогена смеса. Испапчениот дел од кората исечете го да се израмни. Со раце изронете го да добиете покрупни трошки. Кората исечете ја на два дела. Ставете од филот помеѓу двете кори, а потоа по краевите и одозгора (целиот колач да биде покриен со фил). Врз филот посипете од трошките. Оставете го колачот да се излади (2-3 часа во фрижидер).
Оброк: Десерт
Keyword: торта

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close