Падобранците на Ена

1K

Овој рецепт ни го испрати dr_ena_is_in_the_kitchen, млада и креативна девојка која обожава да експериментира во кујната. Како што и самата таа вели овие падобранци отсекогаш и биле mission impossible, но всушност, затоа што никогаш порано не се обидела да ги направи.

Едноставно ова е типичен пример за тоа кога ќе си поставиме предрасуди за нешто за кое всушност не сме се ниту обиделе да го направиме, со други зборови страв од непознатото за на крај од прва да ги погодиш овие неверојатни за нејзе, а и за нас омилени падобранци. Само следете ги инструкциите и нема да зажалете.

Падобранците на Ена

Подготовка 30 мин
Готвење 30 мин
Вкупно Време 1 саат

Состојки

Тесто:

  • 250 гр ореви
  • 500 гр шеќер
  • 7 белки
  • 1 ванила или 1 лаж.екстракт од ванила
  • 1 лаж. брашно

Фил:

  • 7 жолчки
  • 150 гр чоколадо
  • 150 гр путер
  • 50 гр шеќер во прав

Инструкции

  • Во тава на тивок оган се ставаат претходно измелените ореви заедно со шеќерот и ванилата, сето тоа се промешува континуирано за да не дојде до згрутчување на шеќерот, во смесата ги додаваме 6те белки и мешаме континуирано додека не се соедини. Така со постојано мешање смесата ќе стане течна и ја тргаме на страна, тогаш ја додаваме и последната белка и откако сето тоа добро ќе се соедини на крај се додава една лажица брашно само за да ја потенцира густината.
  • Во голема тава обложена со хартија за печење ставаме по една лажичка оформувајќи ги падобранците. Орентационо од оваа доза излегуваат околу дваесетина колачи, плус минус некоја. Печеме 15 минути на 180 степени притоа не ја отвараме рерната за време на печењето.
  • Во меѓувреме путерот оставен на собна температура го матиме со шеќерот во прав до добивање кремаста текстура. Чоколадата ја топиме на пареа и во неа ги додаваме жолчките, мешаме непрекинато и оставаме да се олади. Изладената чоколада ја соединуваме со путерот и мешаме до изедначување на содржината, оставаме во фрижидер половина час. Испечените падобранци исто така ги оставаме да се оладат, а потоа ги филуваме со филот и повторно ги ставаме во фрижидер да одморат околу половина час. Ена успешно си ја заврши нејзината мисија, сега е редот на вас.
Оброк: Десерт
Keyword: padobranci, десерт

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close