Кога ќе ве фати мрза и не ви се меси, а сепак треба да пласирате вкусен појадок или вечера, тука е замрзнатото лиснато тесто да ви излезе во пресрет. Пицава може и со туна да се подготви, ама тогаш веќе не спаѓа во веганска храна, ама за денови кога може во пости да се јаде риба е одличен оброк. Едноставно расфрлате по неа што сакате и што ќе ви се најде во фрижидер. На здравје вкусниов оброк! И благодариме на gotvime.so.teofanija за овој прекрасен рецепт.

Пица од Лиснато Тесто
Состојки
- 450гр лиснато тесто
- неколку маслинки (или сечкани по избор)
- кромид на тркалца сечкан
- 2-3 лажици ајвар или кечап
- неколку печурки шампињони
- оригано
Инструкции
- Го расукуваме одмрзнатото лиснато тесто во квадратна форма, која треба да биде поголема за 5 см од дното на тавчето. Тавчето ни е со димензии 27х27. Дното на пицата треба да ни е колку тавчето во кое ќе ја печеме. На краевите го сечкаме на ленти (со должина околу 5 см).
- Тестото го премачкуваме со ајвар, редиме сечкани печурки, сечкани маслинки, кромид на тркалца, посипуваме оригано.
- Краевите кои ни се на ленти ги преклопуваме во форма на крст, еден преку друг ги втиснуваме на краевите за да не се отвораат при печење. Остатоците од тестото ги расфрламе врз пицата.
- Печеме во загреана рерна на 200 степени.
- Освежете ја со свеж босилок, рукола или магдонос.