wordpress counter

Барменски рецепт против мамурлак

Празничниов период е исполнет со забави, пиење, слави и слично. Ова е период во кој сите сме еуфорични и знаеме да претераме со внесувањето на алкохол.

Се разбира, бармените секојдневно се справуваат со тој проблем и дефинитивно го имаат добро совладано неговото решение. Погледнете ги нивните совети како да го избегнете мамурлакот, односно да избегнете еден цел ден на боледување и ужасно расположение.

Подгответе се за пиење
Вообичаените симптоми на мамурлакот се дехидрираност, главоболка и ред други мачни сиптоми. За да ги избегнете, поставете си лимит пред да почнете да пиете, поточно колку чаши ќе испиете. Направете го тоа на почеток, затоа што потоа расудуваме многу неправилно.

Кога веќе имате испланирано голема „пиенка“, претходно најадете се добро. Важно е да изедете нешто помасно. Пијте повеќе вода. Задолжително, пред првата чашка алкохол напијте се една голема чаша вода. Потрудете се и да мезите додека пиете. Ова значително ќе ви го олесни утрешниот ден.

Изградете толеранција
Нашиот црн дроб обожува континуитет. Затоа, ако веќе сте решиле да пиете, напијте се онолку на колку што сте навикнати. Ова се однесува за кој било алкохол. Одберете вие кој најмногу му одговара на вашето тело. Така, ќе изградите толеранција и нема да имате проблеми наредниот ден.

Избегнувајте шеќерни бомби
Премногу шеќер секогаш доведува до мамурлак. Но, колку е премногу? Тоа е идивидуално за секого. Секој алкохолен пијалак во нашето тело се метаболизира во шеќер и поради тоа одбирајте пијалаци во кои нема додадено многу шеќер. Поточно, потрудете се да избегнувате коктели и комбинации на алкохол со сокови.

Запознајте го барменот
Бидете паметни и бирајте ги најдобрите локали и бармени на кои им верувате. Бидејќи само така ќе бидете сигурни дека ве послужиле со тоа што сте го нарачале. Многу често, за поголема заработувачка, алкохолите се мешани со други неквалитетни алкохоли или се растворени, а тоа доведува до многу силен мамурлак.

Пијте го тоа што вашето тело може да го поднесе
Секој има уникатен метаболизам и толерантност на различни видови на алкохол. Изберете го оној алкохол кој најмногу ви одговара. Доколку имате осетлив желудник, избегнувајте виски и пиво. Ако патите од одредени алергии, избегнувајте џин. Тестирајте го вашето тело на кој алкохол најдобро реагира. Може да се случи да не ви се допаѓа тој вкус, но сепак практикувајте го токму тој пијалак.

Совет плус: веднаш штом ќе се разбудите наредното утро, напијте се мултивитамински природен сок, некој аналгетик (доколку е неопходно) и фрлете се на богат појадок. Доколку ги следите овие правила, значително ќе ви се олеснат деновите по пиењето алкохол и се разбира, уште истиот ден ќе бидете подготвени за наредната забава.

Related Posts with Thumbnails