wordpress counter

Cabernet Sauvignon Rose 2009 Agrolaguna

Лична карта:
Врста: Розе
Берба: 2009
Сорта: Cabernet Sauvignon
Регион: Хрватска
Производител: Агролагуна
Се комбинира со: летна салата со месо или риба, аперитив
Температура на послужување: 12 – 14°C
Цена: 350 денари

Виното Розе не е вино кое долго останува свежо, па затоа се пие младо и едногодишно. Ова вино на Агролагуна, од линијата Laguna Histria, е елегантно и со мек вкус. Токму затоа е идеално за освежување во овој период од годината.

Има жива розова боја со портокалови нијанси и изгледа атрактивно во проѕирно шише. Има изразена киселост, која е карактеристична за оваа сорта и сладок мирис и вкус кој асоцира на малина и јагода, во која е измешана киселоста на вишната. Виното има 11,5% алкохол и може да се служи како аперитив.

Ова вино има сребрен медал на „Монако 2010“ на светското оценување од страна на Femmes et Vins du Monde, чија специфичност е што сите членови на жирито се жени. Оваа година, на меѓународниот натпревар во Будимпешта, ова вино исто така освои сребрен медал.

Related Posts with Thumbnails