wordpress counter

Cantos de Valpiedra

Винаријата Valpiedra е во сопственост на семејството Мартинез Буханда и е една од водечките винарии во регионот Риоха во Шпанија. На преку 280 хектари лозје се одгледува грозје од кое се прават различни видови вино. Земјиштето, во комбинација со микроклимата (многу влажност и топлина), ја штити и ја храни виновата лоза.

Виното Fince Valpiedra се добива од сортата темпраниљо. По ферментацијата, 70% од виното дозрева во буриња од француски даб, додека 30% во нови буриња од американски даб. Ова вино има интензивна црвена боја и е кристално бистро. Во позадина на остатоците од дабовите буриња се чувствуваат овошни ноти. Исто така, при консумирањето, се чувствуваат и чоколадни и кокосни ноти, кои му даваат особена тежина.

Карактеристично е по неговата јачина, односно содржината на алкохол која изнесува 13.5%. Со полниот вкус, овошно-чоколадната нота и јаката црвена боја ќе ве мами постојано на нова голтка.

Related Posts with Thumbnails