wordpress counter

Чао Ред Бул?

Од групата на New Age пијалаци ни доаѓа Дранк – екстремно релаксирачки пијалак кој поседува смирувачки и ефект на опуштање. Неговото производство го започна Beverage Group Holding и ова е прв нејзин сопствен производ.

Дранк е лесно газиран пијалак, со арома на грозје и содржи смирувачки супстаниции како што се мелатонин, шипинка и корен на валеријан. Се продава во впечатлива виолетова лименка.

Мелатонинот го контролира циклусот на спиење кај луѓето. Имено, го подобрува и квалитетот и траењето на сонот. Коренот од валеријан им помага на сите кои имаат пролем со несоница, замор, стрес, психичка исцрепеност, мигрена, болки, менопауза и емоционална болка. Додека, шипинката е одличен извор на витамин Ц и биофлавини. Одлично делува против дијареа, нервоза, исцрпеност.

Интересно е дека познавачите на овој пазар се запрашуваат дали е веќе дојдено времето кога ќе им кажеме збогум на Ред Бул-от и сличните пијалаци кои служат за подигнување на расположението и нивото на енергија и кои нѐ ставаат во состојба на „журка која никогаш не завршува“. Поголем број од нив се согласуваат дека е така.

Дранк и сличните „одмор во лименка“ производи, односно производи на база на анти-енергетско делување, полека го освојуваат пазарот и вкусовите на потрошувачите. Сепак, сѐ зависи од вкусовите и расположението – дали сте за опуштање или журкање.

Related Posts with Thumbnails