wordpress counter

„Crocktail“ – првиот хрватски коктел

Марин Некиќ е најнаградуваниот хрватски бармен и миксолог, а од неодамна и татко на првиот хрватски коктел, познат како „Crocktail“. Станува збор за освежителен напиток кој користи исклучиво хрватски продукти.

Состојките од кои се состои овој коктел можат да се најдат букавално на секој чекор во Хрватска. Започнувајќи од задарското Мараскино, преку сок од вишни и свеж лимонов сок, потоа кандирани кори од протокал и многу мраз.

Инаку, Некиќ дошол на идеја да направи нешто по што Хрватска ќе стане препознатлива во светот. И секако, го направил она што најмногу го знаел. Покрај тоа, за секој поздрав е користењето на исклучиво хрватски производи.

Останува да почекаме и нашите бармени и миксолози да дојдат на идеја да приготват некој македонски коктел и сите да уживаме во него. А, до тогаш, уживајте во некој од коктелите кои може да ги најдете на нашиот портал.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=VxCqt_r4stY[/youtube]

Коктел „Crocktail“

СОСТОЈКИ
• 5 цл задараски мараскино
• 3 цл свежо цеден сок од лимон
• 3 цл сок од вишни мараска
• кора од портокал

за декорација
• кандирани кори од портокал
• 1 вишна или цреша

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во долга чаша изрендајте малку кора до свеж портокал. Потоа, ставете дробен мраз. Прво ќе налиете мараскино, па сок од лимон и на крај сок од вишни. Состојките внимателно промашајте ги со лажица. Декорирајте со кандирани кори од портокал, вишна или цреша.

Related Posts with Thumbnails