wordpress counter

Егозтични чаеви (2 дел)

Во првиот дел од статијата се запознавме со три егзотични видови на чај: мате, лапачо и улонг чај. Денес, ќе уживаме во мача, јоги, каркаде и пух ерх чаевите.

Мача чај
Мача чајот има нежно горчлив вкус, богат со витамини. Се добива на тој начин што неколку дена пред жетвата, плантажите се покриваат и листовите потемнуваат. Чајот е највкусен кога мелените листови се мешаат со врела вода, сѐ додека не се добие пена.

Јоги чај
Класичната варијанта на овој чај содржи кардамом, ѓумбир, каранфилче, цимет и црн пипер. На оваа мешавина се додаваат и анасон, коријандер, какао или цикорија. Не содржи кофеин и се сервира со мед и млеко.

Каркаде чај
Овој чај е на база на хибискус и многу е популарен на територијата на Египет и Судан. Колку ливчињата се потемни, толку вкусот е поинтензивен. Станува збор за освежителен чај, кој може да се пие во било кој дел од денот.

Пух Ерх чај
Води потекло од Кина. Се рекламира како чај за слабеење, но сѐ уште нема никакви докази за тоа. Сепак, истражувањата покажуваат дека делува како антиоксиданс и го намалува крвниот притисок. Се консумира по богат оброк.

Related Posts with Thumbnails