wordpress counter

Егзотични чаеви (1 дел)

Зелениот, црниот и овошните чаеви се веќе одомаќинети на нашите трпези. Оваа статија ја посветуваме на некои поинтересни и поегзотични врсти, кои ретко ги има кај нас или воопшто ги нема.

Мате чај
Води потекло од Аргентина и Парагвај. Содржи околу 1.5% кофеин, поради што ги размрдува поспаните организми, а често се употребува и за намалување на апетитот. Во зима се сервира со млеко и мед, додека на лето со мента и лимон.

Лапачо чај
Овој чај се добива од лапачо стебло и е неверојатно здрав поради присуството на магнезиум, калциум, железо и калиум. Го чува здрав црниот дроб, лимфниот систем и имунитетот. Парчиња од кората на стеблото се ставаат во врела вода и се оставаат 20-тина минути и потоа се засладува со мед или јаворов сируп.

Улонг чај
Потекнува од Јапонија, Кина и Тајван. Има свеж и цветен вкус и одлично делува на дигестивниот и нервниот систем. Помага во разградување на мастите и има силно антиоксидативно делување. Дколку сакате да пробате Улонг чај, тогаш посетете го Caramelo™.

Related Posts with Thumbnails