wordpress counter

Егзотиката на чајот (1 дел)

Чајот е еден од најпопуларните пијалаци на денешницата. А, за тоа треба да му бидеме благодарни на кинескиот цар Шен Нанг, кој сосема случајно открил дека од тоа растение може да се подготвува вкусен пијалак. Некаде во 8-от век, Лу Ју ја напишал и првата книга посветена на чајот. Со помош на португалските и холандските морепловци, во текот на 1610 година, чајот ни пристигна и во Европа. Рускиот цар Алексеј го вкусил првиот чај во 1618 година, кога го добил како подарок директно од кинескиот цар.

Овие два дела на статијата ги посветуваме токму на чајот и на неговите различните видови.

Бел чај
Белиот чај, името го добил по малите влакненца кои се наоѓаат на долниот дел од листовите. Овој тип на чај е најмалку процесиран и кај него нема ферментација. Тој се суши набрзина, за да се спречи оксидацијата. Само најдобрите чаеви се користат за производство на бел чај. Има многу малку кофеин во себе и има силно антиоксидативно делување. Се подготвува во вода која е на температура од 60-70 степени, а листовите или филтер кесичката се вади по 1-2 минути. Доколку го оставите подолго, ќе се ослободат танините и чајот ќе добие горчлив вкус.

Зелен чај
Зелениот чај, по бербата, се пржи во железни тави и потоа се суши. Времето на сушење трае од 8-24 часа, со цел да оксидира што е можно помалку. Овој тип на чај оксидира многу малку. Во него има повеќе кофеин отколку кај белиот. Поради тоа има и послабо антиоксидансно делување. Како и белиот чај и зелениот се подготвува во вода на темература од 60-70 степени и маскимум 1-2 минути. Зелениот чај го намалува ризикот од срцеви заболувања и карцином.

Related Posts with Thumbnails