wordpress counter

Егзотиката на чајот (2 дел)

Во првиот дел зборувавме за белиот и зелениот чај. Овој дел го посветуваме на другите најважни видови на чај, како што се улонг, црн чај, роибос, растителни и овошни чаеви. И не заборавајте дека сите овие чаеви можете да ги вкусите во Caramelo™.

Улонг чај
Овој делумно ферментиран чај, по бербата се тресе во плетени корпи, а исцедениот сок ферментира со кислород. Оксидацијата трае 2-3 дена. Некои од врстите на улонг чај се слични на црниот, а некои на зелениот чај. Се подготвува со вода на температура од 80-90 степени, а чајот се вади од водата по 2-3 минути.

Црн чај
Името го добил по бојата на листовите. Овој чај содржи најмногу кофеин, па затоа најчесто се пие претпладне. Листовите чај оксидираат 2-4 дена и ферментацијата не застанува. Процесот на производство завршува со долго сушење на листовите. Филтер кесичката се става во вода која врие и се вади по 2-3 минути. Се пие со млеко и лимон.

Роибос чај
Роибос (или црвена грмушка) е африканско растение кое расте исклучиво во ЈАР. Листовите оксидираат сѐ додека не добијат црвенкасто-костенлива боја. Не содржи кофеин и има голема количина на атиоксиданси. Вреќичката се става во зовриена вода и се вади по 10 минути.

Растителни и овошни сокови
Се произведуваат од свежи и сушени цвеќиња, листови, семки, коренчиња и овошје. Не содржат кофеин и се подготвуваат како и другите чаеви (водата нека биде максимум 60-70 степени). Се консумираат со лимон и мед.

Related Posts with Thumbnails