Еротични коктели (1 дел)
Малку пијалаци се така еротични како што се коктелите. Тие се привлечни и со својот изглед и со својот вкус. Шарените и силни бои, ефектната декорација и доброто друштво делуваат релаксирачки и ослободувачки. Умерената количина на алкохол ќе ги ослободи и најсрамежливите девојки и ќе ги поттикне на пријатен флерт.
Главниот бармен на берлинскиот хотел Savoy ни ги шепна коктелите кои најмногу делуваат на жените. А ние, ви ги презентираме заедно со рецептот за нивната подготовка.
Lady killer
СОСТОЈКИ
• 3 цл џин
• 1 цл бренди со вкус на кајсија
• 1 цл Cointreau
• 6 цл сок од ананас
• 6 цл сок од маракујаПОДГОТОВКА
Сите состојки се мешаат во шејкер. Се сервира во long drink чаша. Рабовите на чашата се потопуваат во сок од портокал, се обложува со шеќер и се додаваат парче портокал и цреша.
Sex on the Beach
СОСТОЈКИ
• 4 цл вотка
• 2 цл ликер од праска
• 7 цл сок од ананас
• 7 цл сок од брусницаПОДГОТОВКА
Се сервира во long drink чаша. Се додава лед и парче портокал.
