wordpress counter

Еспресо – најдобар начин да го започнете денот

Подготовката на добро еспресо е вистинска уметност. Зависи од бројни фактори, а најважни се видот на кафето, апаратот за негова подготовка и секако човечкото знаење.

Ако започнеме од видот на кафето, треба да се напомене дека постојат два основни вида на кафе – арабика и робуста. Арабиката е многу поквалитетна, но и поосетлива на временските услови. За да го постигнете вистинскиот вкус, потребно е кафето да се сомеле непосредно пред неговата подготовка.

Арабиката го дава вкусот на кафето, додека робустата го дава прекрасниот, густ кајмак на површината на кафето.

Друг фактор кој влијае е времето на екстракција. Toa се однесува на времето кое е потребно водата да помине низ фино меленото кафе. Околу 25-30 секунди е сосема доволно време за да добиете добро кафе.

Доброто кафе бара малку шеќер, а доколку сакате да додадете млеко, тоа треба да биде млеко кое нема негативно да делува на аромата на кафето.

И последно, но и не најмалку важно е човечкиот фактор. За да биде кафето врвно приготвено, најдобро е кафето да го подготви добар познавач на најубавиот пијалак на светот. Или, едноставно, појдете во Caramelo™ и вистински ќе уживате во топлиот напиток.

Related Posts with Thumbnails