wordpress counter

Evian го претстави Issey Miyake шишето

Evian ја претстави соработката со својот најнов дизајнер. Овој најпознат бренд на изворска минерална вода работеше заедно со фамозниот јапонски моден дизајнер Issey Miyake во креирањето на четвртото по ред од ограничената серија на дизајнерски шишиња за секоја година.

Во претходните 3 години, шишињата за Evian ги дизајнираа Christian Lacroix, Jean Paul Gaultier и Paul Smith.

Шишето делува преубаво и целото е украсено со цветови во сјајни бои во препознатливите шари по кои Issey Miyake е познат во целиот свет.  Целта е да се пренесе и потврди пораката на Evian: “Живеј млад“.

Како и претходните, и ова  „Evian Issey Miyake – Flower“ шише ќе дојде во Македонија и ќе почне да се продава на почетокот на декември 2010 година. Да почекаме и да се стрпиме!

Во меѓувреме, ѕирнете го веб-сајтот isseymiyake.evian.com и преземете ги позадинитие и скринсејверот за вашиот компјутер.

Related Posts with Thumbnails