wordpress counter

Галерија за љубители на вино

La Galerie du Vin во Цирих, Швајцарија е продажен простор кој е наменет за сите љубители на виното. Во него, покрај купување на вино, ќе може да дегустирате бројни брендови на вино и да учествувате на вински семинари кои таму ќе се одржуваат.

Проектот за ентериерот го реализираше швајцарското студио OOS. Интересно е дека ентериерот е направен од кутии со кој се транспортира виното. Во продавницата има 1.500 шишиња, но изложени се само 570. Другите се во гајбите, кои по потреба се вадат од структурата. На тој начин и самата структура е променлива и флексибилна.


Вината во галеријата се распоредени според географско потекло. Местото на вработениот е во средината на галеријата, каде ги запознава потенцијалните купувачи си историјата, културата и карактеристиките на географските региони од каде потекнуваат вината.

Related Posts with Thumbnails