wordpress counter

Ирско кафе

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ирското кафе е навистина посебен тип на кафе. Ќе ве загрее во студените зимски денови и ќе ве разлади во текот на летото. Се подготвува мошне едноставно и тоа е една од причините поради која доби светска популарност. Пробајте го рецептот за ирско кафе и дознајте зошто жителите на зелениот ирски остров се луди по ова кафе.

СОСТОЈКИ (за 1 кафе)
• 180 мл кафе
• 45 мл ирско виски
• 1 мала лажица кафеав шеќер
• шлаг

ПОДГОТОВКА
Ставете ирско виски, кафе и шеќер во стаклена чаша за кафе. Оставете шеќерот да се истопи и не ги мешајте состојките. На крајот, додадете шлаг на врвот од кафето.

Имајте предвид дека ова кафе е појако од другите кафиња. Консумирајте умерено.

Совет: ако сакате ладно ирско кафе – користете лед.

Related Posts with Thumbnails