wordpress counter

Каде се пијат најквалитетните пива во Европа? (1 дел)

Пивото се произведува во речиси секој агол на земјината топка. Во оваа статија ќе се обидеме да наведеме некои од најквалитетните пива кои може да ги пробате во различни делови на светот.

Амстердам
„Хајнекен“ е иконата на Амстердам, заедно со лалињата, велосипедите и речните канали на реката Амстел. Но, пивото во Амстердам има многу поголемо значење. Таму постојано никнуваат нови пиварници кои произведуваат пиво од врвен квалитет. Сепак, „Хајнекен“ е „Хајнекен“. Најмногу се консумира во кафеаните во старите делови на градот, со пријатно друштво. Во текот на сончевите попладниња, младата популација на Амстердам заминува во Лејдсеплин, кое е срце на општествената сцена на градот, за да уживаат во студен „Хајнекен“ на терасите од кафеаните.

Брисел
Со векови, Брисел е познат по природно ферментирано пиво со квасец. Градот е еден од најубавите европски главни градови, а пивото го има во преку 600 видови. Пивото „Ламбик“ и понатаму владее со Брисел, но во последно време многу се консумираат и овошните пива, особено она со цреши. Ако се најдете во познатото кафе „Делириум“ во стариот дел од градот, можете да пробате преку 2.000 видови пиво.

Related Posts with Thumbnails