wordpress counter

Каде се пијат најквалитетните пива во Европа (2 дел)

Во првиот дел пропатувавме низ Амстердам и Брисел. Нашето пивско патување продолжува низ Европа. Одиме во Минхен, Даблин, Прага…

Минхен
Дом на „Октоберфест“, овој град е познат по својот брз ритам и интересен начин на живеење. Овој град поседува голем број пивски градини, а локалните жители речиси секогаш може да ги најдете во „Хиршгартен“ или „Пауланер“, каде уживаат во кригли од половина литар и типично мени кое содржи бели ротквици, переци и каша од сирење, кромид и зачини.

Сите пиварници го почитуваат правилото од 15-тиот век, според кое пивото смее да се подготвува само од јачмен, хмељ и вода.

Даблин
Ако не сте слушнале за нешто друго, тогаш кога ќе се спомене Ирска, веруваме дека ви текнува на „Гинис“. Има многу места каде можете да се напиете пиво, но ние би ви го препорачале „St. James’s Gate Brewery“, која го служи ова темно пиво уште од 1759 година.

Верувале или не, имате избор од преку 800 пабови. Без разлика дали ќе одите во „Temple bar“, „Eamonn Doran“или „Palace“, нема да погрешите – секаде има добро пиво.

Прага
Добродојдовте во главниот град на пивото. Сите светски пива се обидуваат да го достигнат квалитетот на чешките пива. „Старопрамен“, „Бадвајзер“, „Пилснер Уркел“. Нема потреба да набројуваме. Ние веќе се пакуваме за пат.

Related Posts with Thumbnails