wordpress counter

Какао чај

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Шолја топло какао е секако првата асоцијација кога ќе помислиме на карипските острови. Но, какао чајот од Света Луција е навистина посебен пијалак кој е карактеристичен за оваа оаза. Познат и како пијалак за појадок, какао чајот има слатко-горчлив вкус кој во себе обединува какао, ловоров лист, цимет, морско оревче. Ќе се запрашате каде е тука чајот? Го нема! Се нарекува чај само поради начинот на кој се подготвуваат ловоровиот лист и циметот.

Во оригиналниот рецепт за какао чајот се потребни следните

СОСТОЈКИ
• ½ шолја изрендани какао стапчиња
• 2 шолји вода
• 1 шолја млеко (шлаг, млеко во прав или нискомаслено млеко)
• шеќер, за засаладување
• ванила
• ливче ловор
• цимет
• морско оревче
• 1 голема лажица пченкарно брашно

ПОДГОТОВКА
Ставете ја водата во сад заедно со цимет и ловоров лист. Варете околу 15 минути. Изрендајте го какаото и додадете го на водата. Варете уште 10-тина минути. Додадете нискомаслено или млеко во прав. Засладете според вашиот вкус. Измешајте го пченкарното брашно со вода и постепено додадете го кон пијалакот. На крај, зачинете со ванила и морско оревче. Процедете и послужете.

Related Posts with Thumbnails