- Гурман™ - https://gurman.mk -

Како да декантирате вино

Без разлика дали сакате да го испуштите воздухот од младо вино, или да го филтрирате талогот од старото вино кој се насобрал поради танини, пигменти и ред други причини, декантирањето е многу важна вештина за сите љубители на вино.

Професорот Михаил Веис, на ова видео демонстрира колку е лесно декантирањето. Тоа го прави со помош на свеќа, која ја приближува до грлото на шишето и која служи како дополнителен извор на светлина. Тој препорачува овој процес да го повторите два пати (или да употребите филтер за кафе вториот пат), за да добиете подобри резултати.