wordpress counter

Како да направите Кока Кола дома?

Деновиве сме сведоци на откривање на тајниот рецепт на Кока Кола. Продуцентите на радио програмaта This American Life, наишле на статија од локален весник од Џорџија од 1979 година, каде приказната е илустрирана со фотографија. Оваа статија не предизвикала некое поголемо внимание, иако на фотографијата бил рецептот на Кока Кола. И тоа во ракопис, напишан од изумителот Џон Пембертон.

Пембертон бил ветеран од Граѓанската војна во САД, кој бргу западнал во состојба на зависност од морфиум. Барајќи лек за својата состојба, првин изумил пијалак од плод од растението кола и вино од кока. Подоцна, поради прохибицијата во Атланта, го направил пијалакот безалкохолен и го нарекол Кока Кола.

Аса Кендлер, тогашен претседател на Кока Кола, ја купува формулата во 1887 и забранува секакви пишани документи за овој пијалак, кои би можеле да бидат искористени од конкуренцијата. Меѓутоа, ако оваа вест е точна, тогаш Кока Кола има пропуст во таа политика на криење на рецептот.

За волја на вистината, Кери Треслер, портпарол на компанијата, веќе ги демантираше сите тврдења за откривање на рецептот. Според него, рецептот останува тајна, како што е и во изминатите 125 години.

Како и да е, ние ви го презентираме рецептот за Кока Кола и да се обидете да си ја подготвите во домашни услови.

СОСТОЈКИ
• 1 мала лажица екстракт од кока
• 90 мл лимонска киселина
• 30 гр кофеин
• 30 (нејасно напишано) шеќер
• 10 л вода
• 0.5 л сок од зелен лимон
• 30 гр ванила
• 45 мл карамел за боја

таен 7X вкус (се користат 60 гр за вкус, на 20 литри сируп)
• 240 мл алкохол
• 20 капки масло од портокал
• 30 капки масло од лимон
• 10 капки масло од морско оревче
• 5 капки коријандер
• 10 капки цимет
• 10 капки масло од цвет на гочливо дрво од портокал

Related Posts with Thumbnails