wordpress counter

Како не треба со виното (1 дел)

Иако постојат основни правила за комбинирање на виното и храната кои се лесни за следење и примена, сепак, често пати се прават грешки кои неповолно влијаат на вашето сетило за вкус и секако задоволството. Сега, ќе се обидеме да ги наведеме најлошите комбинации на определени видови храна и вино.

ШАМПАЊ
Една од најчестите грешки е комбинацијата на шампањ и парче торта. Ова вино има остар вкус, на што не се надоврзува супер слаткиот вкус на тортата. Тоа би било како да ставите петарда во вашата уста.

CABERNET SAUVIGNON
Најлошата комбинација би била Каберне Совињон со бела риба која се дели на парченца, надополнето со некаков зимски зеленчук. Не само што ќе се загуби вкусот на рибата и зеленчукот, туку и ќе станат кисели. Веројатно немате желба да јадете скиселена риба.

Related Posts with Thumbnails