wordpress counter

Како не треба со виното (2 дел)

Минатата недела ги погледнавме најлошите комбинации на храна со шампањ и Cabernet Sauvignon. Сега, ќе се запознаеме и со најчестите и најголемите грешки кога станува збор за Sauvignon Blanc, Pinot Noir и Chardonnay.

SAUVIGNON BLANC
Најлошите „парови“ за ова вино се сино сирење, салата со ореви и бриселска зелка или прокељ. Синото сирење е тешко за секој вид вино, додека слатките ореви може да го направат вкусот на виното покисело отколку што нависина е. Едностано не смее да си дозволите два силни вкуса да се натпреваруваат помеѓу себе.

PINOT NOIR
Ова вино доби на популарност по филмот Sideways. Станува збор за пијалак со овошна нота и земјест вкус, но тоа не значи дека може да се комбинира со секоја храна. Како и да е, ќе погрешите ако го комбинирате со кисели вкусови и јадења.

CHARDONNAY
Ова вино е класика за сите љубители на божествениот пијалак. Но, ако го комбинирате со зачинето јагнешко месо или со лути и пикантни зачини, сигурно ќе згрешите и нема да остане ништо од неговиот вкус. Она што ќе остане ќе биде вкус на дабово буре во кое се чувало виното.

Related Posts with Thumbnails