wordpress counter

Која вода е најдобра (1 дел)

Не постои универзален одговор на ова прашање, но минералната вода е онаа која има предност над другите води. Предностите на флашираната вода, во однос на водата од чешма, се следните:

• Го помага одржувањето на балансот на електролити во организмот;
• Минералите од флашираната вода се апсорбираат многу подобро, отколку оние од храната;
• Оваа вода има антибактериски и антифунгицидни својства;
• Помага при детоксикација на организмот;
• Има терапевтски ефект кај многу хронични болести.

Според мислењето на стручните лица, минералната вода е најдобриот пијалак кој моментално може да го најдеме на планетата.

ОД КАДЕ МИНЕРАЛИ ВО ВОДАТА?
Оваа вода доаѓа од длабочината на Земјата, каде е во допир со многу камења и карпи. Тој контакт ги раствора минералите од нив и кога водата ќе излезе на површина таа е богата со минерали и други супстанции. Тоа е она што ни е нам потребно, бидејќи многу наши функции зависат од тие супстанции.

Related Posts with Thumbnails