wordpress counter

Која вода е најдобра? (2 дел)

Минералната вода е најдобриот пијалак кој можеме да си го дозволиме во моментот. Пред два дена видовме зошто оваа вода е подобра од онаа од чешма. Денес ќе се запознаеме со правилата при избор на минералната вода, како и објаснување на декларациите кои ги има на производот.

КАКО ДА ОДБЕРЕМЕ МИНЕРАЛНА ВОДА?
Некое генерализирање за изборот на минерална вода не е можно бидејќи секој од нас има различни потреби, здравствени проблеми, желби, физичка активност, возраст… Ако зборуваме за редовно пиење, тогаш најдобро е да се консултирате со својот лекар или нутриционист, за да го направите вистинскиот избор.

ШТО ПИШУВА НА ДЕКЛАРАЦИЈАТА?
На декларациите на овие производи постојат многу податоци, но ние најдобро е да се држиме до следните совети:

• Слабо минерални води, со сув остаток до 500 мг/л, се најприкладни за целото семејство. Тие имаат врамнотежен однос на микро и макро елементи.
• Одберете вода со ниско ниво на сулфати, хлориди и натриум.
• Кога станува збор за амбалажата, најдобро е да одберете стакло. Можете да користите и ПЕТ амбалажа, за која е утврдено дека може да ја чува водата цела година без било какви промени.
• Количеството на јаглерод диоксид да биде што помало, за да не влијае на киселоста на водата.

Related Posts with Thumbnails