wordpress counter

Латино тројка за врела атмосфера

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Добрата забава не може да се замисли без коктели. Бидејќи латиноамериканците се вистински мајстори на добрата журка, најдобро е да подготвите коктели кои имаат латино потекло и кои ќе ве станат од столче и ќе ве разиграат. Затоа, ви предлагаме три коктели кои ќе ве направат мајстор на салсата.

Роб Рој

СОСТОЈКИ
• 10 цл виски
• 3 цл шери
• цреша

ПОДГОТОВКА
Подготовката е мошне едноставна – сите состојки налејте ги во чаша со лед и украсете со цреша

Матадор

СОСТОЈКИ
• 3 цл сок од ананас
• сок од еден зелен лимон
• 3 цл гренадин
• 6 цл текила
• 2 парченца ананас

ПОДГОТОВКА
Сите состојки, освен парчињата ананас, промешајте ги во шејкер со лед. Сервирајте во чаши за шампањ и декорирајте со ананас.

Малиот бик

СОСТОЈКИ
• 80 цл сок од манго
• пулпа од манго
• 40 цл рум
• лед

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги сите состојки во блендер, додека не добиете течна маса. Се служи во високи чаши.

Related Posts with Thumbnails