Леден чај со портокал, лимета и нане
Летото носи жешки денови во кои сакаме да се освежиме по секоја цена. Еден одличен начин е самите да си приготвиме леден чај со портокал, лимета и нане (или мента) кој ќе ја смири жештината и ќе ни помогне да се релаксираме на плажа, на работа или во нашиот дом.
СОСТОЈКИ
• 6 кесички чај
• 2 големи лажици шеќер
• 5 страка нане или мента
• 300 мл свежо исцеден сок од портокал
• сок од една лимета
• половина портокал, ливчиња нане и мраз за декорацијаПОДГОТОВКА
Направете чај со 6 вреќички вода и 1.2 литри вода. Ставете шеќер и додадете го нането или ментата. Оставете да отстои 10-тина минути за да се искомбинираат состојките. Процедете и ставете го чајот во фрижидер за да се излади.Течноста ставете ја во бокал, додадете ги сокот од портокал и лимета. Сервирајте со парче портокал, ливчиња нане и мраз.
