wordpress counter

Ледено вино

За леденото вино знаеле уште старите Римјани. Плиние I, уште во првиот век, пишувал во своите дела за заледено грозје, кое се берело во ноември и декември. Со тек на време добивало на популарност, но секаква трага му се губи некаде во 18-от век. Тогаш повторно го откриваат французите.

Денес, леденото вино е дел од трендовите. Познато е и по името eiswein и е вистинска реткост на пазарот. Поради тоа, неговата цена е мошне висока – околу 3.500 денари за половина литар.

Неговото производство е прилично ризично. Винарите се впуштаат во голем ризик бидејќи, во најлош случај, родот може да пропадне. Во исто време, производството на ова вино е и голем предизвик, бидејќи грозјето се бере на температура од 7 степени, со голи раце.

Ова вино се пие како аперитив или десерт, а неговата берба се смета за врв на лозарската сезона. Бербата се прави во рана зора, поради пониските температури. Смрзнатите зрна веднаш се пресуваат и даваат многу мала концентрација на шира. Оптимална зрелост се добива за 3-5 години.

Леденото вино е најдобро да се одбере како последен пијалак за вечерта. Причината е логична – има интензивен вкус и арома што прави по него сите други вина да имаат вкус на вода.

Погледнете како изгледа зимската берба на грозје:


Related Posts with Thumbnails