wordpress counter

Летни пијалаци за брзо освежување (1 дел)

Летото одамна е дојдено во полн сјај. Додека се обидувате да се разладите со климатизер или на некој друг начин, ние бараме начин како да ве разладиме со нешто вкусно. Со оглед дека ова е сезона на бројни овошја, ние ве предлагаме неколку рецепти за брзо летно освежување.

Пире од диња или лубеница

Овој пијалак е посебно популарен на карипскиот остров Јамајка. Освежително, полно со витамин Ц и многу хранливи состојки.

ПОДГОТОВКА
Излупете ја дињата (лубеницата) и остранете ги семките. Исечкајте ја на коцки и ставете ги во блендер. Добро измешјате и направете пире (додадете и вода доколку е потребно). Изладете и сервирајте со многу лед.

.

Летен пијалак со ѓумбир

СОСТОЈКИ
• 1.5 л минерална вода
• сок од една лимета
• 40 гр ѓумбир
• половина мала шолја исечкани листови од мента
• засладувач по избор

ПОДГОТОВКА
Сите состојки измешајте ги со помош на блендер. Сервирајте со лед.

.

Вода со краставица и мента

Можеби ви звучи чудно, но вода со неколку парчиња краставица и мало гранче мента, е прекрасен летен пијалак. Може да се сервира во чаша или во поголем стаклен сад и да долевате кога ќе посакате.

ПОДГОТОВКА
Ставете 2-3 кришки краставица и грубо насечкани листови од мента во чаша вода. Оставете да се излади.

Related Posts with Thumbnails