wordpress counter

Летни пијалаци за брзо освежување (2 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Во првиот дел од статијата ви преложивме да приготвите пире од диња или лубеница, летен пијалак од ѓумбир или вода во комбинација со краставица и мента. Денес ќе претставиме уште два интересни рецепти.

Леден зелен чај со лимон и мента

СОСТОЈКИ
• 15 филтер ќесички зелен чај
• 3.5 литри вода
• пола мала шолја исечкани листови од мента
• сок од два лимона
• засладувач по сопствен вкус

ПОДГОТОВКА
Сите состојки, освен лимонот и засладувачот, ставете ги во поголем сад и оставете ги на сонце околу 2 часа. Отстранете ги ќесичките чај, додадете сок од лимон и засладате по вкус. Сериврајте со многу лед.

.

Кокосова вода со ананас

СОСТОЈКИ (за 4 чаши)
• 4 шолји ананас, сечкан на коцки
• 2 шолји кокосова вода
• 1 шолја плод од кокос
• 4 големи лажици шеќер
• 1 шолја кршен мраз

ПОДГОТОВКА
Сите состојки, освен мразот, ставете ги во бледндер и добро измешајте ги. Треба да се добие хомогена смеса. Во секоја чаша, ставете мраз до ¼ и налејте еднаква количина од кокосовата вода. Се гарнира со едно тркалце ананас.

 

Related Posts with Thumbnails