wordpress counter

Ликер од кафе

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ликерот од кафе е сладок и на прва голтка потсетува на мед. Слатките ноти полека се трансформираат во горчливи, а во устата ви останува нежна арома на јако црно кафе.

СОСТОЈКИ
● 125 мл црно кафе
● 125 гр шеќер
● 125 мл вода
● 125 мл ракија
● 1 стапче ванила

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: сварете го кафето и потоа процедете го со помош на газа за да се отстрани талогот. Измешајте ја водата и шеќерот и варете на умерен оган. Кога ќе почне да врие, продолжете со варење уште три минути за да добиете шеќерен сируп. Потоа, оставете добро да се излади.

Чекор 2: земете некоја помала тегла, која треба добро да се затвори. Налејте ја во неа ракијата, а потоа додадете ги кафето и шеќерниот сируп. На крај ставете стапче ванила и добро затворете. Оставете да отстои неколку дена на темно и ладно место.

Чекор 3: додека отстојува ликерот, потребно е од време на време да го протресете без да ја отворате теглата. Пред консумирање, стапчето ванила може да го отстраните.

Related Posts with Thumbnails