wordpress counter

Најдобриот шанкер на светот

НАЈДОБРИОТ ШАНКЕР НА СВЕТОТМарко Пиер Вајт (оној откачен готвач, чија книга ви советувавме да ја прочитате) го прогласи најдобриот шанкер во светот, на натпреварувањето познато како World Class или Оскари за шанкерство. Станува збор за виртуозот на пијачките од Единбург – Рајан Четијавардана.

Натпреварот се одржа во ексклузивниот Kent House во Лондон, а Рајан ги зашемети судиите со своите одлични способности за мешање на пијалаците и триумфираше во конкуренција на 14 други шанкери кои дојдоа како победници од своите земји.

Манифестацијата траеше цел ден, а финалистите го покажуваа своето познавање на барменството, миксологијата, креативноста и иновацијата. Во финалето, Рајан се натпреваруваше гради во гради со Андреас Цанос и успеа да го освои жирито со својот фантастичен Three Storm Flip коктел.

Three Storm Flip коктел

СОСТОЈКИ
• 50 мл Pampero Aniversario (рум)
• 25 мл Velvet Falernum Liqueur
• 2 црти Regan’s Orange bitters (пелинковац)
• 5 мл Lagavulin 16 (бурбон)
• 1 цело јајце
• малку сол и бибер
• мускатно оревче

ПОДГОТОВКА
Ставете ги во шејкер сите состојки. Потоа мешајте со коцки лед и двојно исцедете.

Related Posts with Thumbnails