wordpress counter

Оргазмични вина од Верона

Една од најпознатите италијански винарии е Маси, сместена во Валполичело покрај Верона. Нивните вина се со долга традиција, единствен вкус и привлечна слаткост. За разлика од другите семејни винарии кои името го имаат по основачот, оваа винарија своето име го должи на прекрасната мала долина Маси, во која се наоѓа.

Сопственик е семејството Боскаини, а денес работи во партнерство со Серџо Алигиери, потомок на славниот Данте Алигиери. Поседува околу 640 хектери со винова лоза во Италија и околу 40 хектари во Аргентина.

Оваа винарија е позната по производство на премиум вина според две методи: „appassimento” и „ripasso”. Appassimento е скап и единствен метод на прозводство на вино. Станува збор за сушење на најздравите гроздови во традиционални сушилници од бамбус. На тој начин се добива густо, висококонцентрирано црвено вино Amarone или Recioto.

Од нивниот асортиман можете да уживате во ‘Amabile degli Angeli (особено е привлечно за женската популација), Campofiorin Ripasso (воведе нов начин на производство во 1964 година), Grandarella Appassimento, Passo Doble (саканата количина ќе мора да ја резервирате една година однапред).

Related Posts with Thumbnails