wordpress counter

Освежителни летни пијалаци

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Доаѓа летниот период, кога температурите се високи, а на нашиот организам му треба освежување и ладење. Можете да приготвите ледени овошни сокови, леден чај, студени десерти. Ние денес ви предлагаме три едноставни рецепти за летни освежителни пијалаци.

Кремасто ледено кафе со сладолед

СОСТОЈКИ
• 2 дл ладно кафе
• малку цимет
• 3 лажици слатка павлака
• топка сладолед

ПОДГОТОВКА
Во висока чаша ставете топка сладолед од кафе или чоколадо. Кафето сварете го со цимет и изладено прелијте го преку сладоледот. Направете малку сладолед и декорирајте.

.

Шумско фрапе со малини и шлаг

СOОСТОЈКИ
• 10 јагоди
• рака малини
• 2.5 дл млеко
• една лажица лимонов сок

ПОДГОТОВКА
Јагодите и малините изматете ги со миксер. Потоа, додадете 1 лажица кафен шеќер или мед, млеко, сок од лимон и две коцки лед. Добро измешајте со миксер и украсете со шлаг и малини.

.

Леден чај од нане

СОСТОЈКИ
• ½ лимон
• лажица чај од нане
• 2 лажици овошен чај
• лажица зелен чај

ПОДГОТОВКА
Исечете го лимонот на кришки и заедно со 4 лажици шеќер и литар вода сварете ја течноста. Варете што е можно повеќе за лимонот да испушти повеќе ароми. Тргнете од оган и потоа додадете ги чаевите. По 10-тина минути процедете и складирајте го во фрижидер за да се олади.

Related Posts with Thumbnails