wordpress counter

Освежувачки пијалаци

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Редакцијата на Гурман™ ви предлага два навистина вкусни и освежувачки пијалаци кои не само што моментално ќе го подигнат вашето расположение, туку ќе делуваат добро и по вашето здравје. Денес можете да подготвите студен пијалак од киви и фрапе од ананас.

Киви пијалак

Време на подготовка: 10 минути

СОСТОЈКИ (за 1 пијалак)
• 2 плода киви
• 1 портокал
• 1 лимон
• 2 лажици јогурт
• 1 лажица шеќер

ПОДГОТОВКА
Излупете и исечкајте ги плодовите киви. Ставите ги во миксер со сок од лимон и портокал, лажица шеќер и јогурт. Миксајте неколку минути, сѐ додека не добиете густ и кремаст напиток. Сервирајте во чаша и гарнирајте со парче киви.

Фрапе од ананас

Време на подоготовка: 10 минути

СОСТОЈКИ
• 4 дл млеко
• сок од ананас
• 1 свеж ананас
• мраз

ПОДГОТОВКА
Исечкајте го ананасот на ситни парчиња, ставете ги во миксер и додадете студено млеко, две лажици сок од ананс и чаша дробен мраз. Миксајте една минута така што ќе добиете течна и кремаста смеса.

Сервирајте во чаша и послужете со парченца ананас набодени на стапче.

Related Posts with Thumbnails