wordpress counter

Пиво какво што не сте пробале (1 дел)

Сите знаеме дека секое пиво во себе содржи вода, хмељ, јачмен и слад. Но, некои од помалите производители на пиво низ светот, сметаат дека оваа формула е по малку досадна. Затоа, создале пивa кои се навистина посебни и уникатни. Ние ќе наведеме некои од нив.

Пиво со зелен лимон
Ова пиво, покрај зелен лимон, во себе содржи и греем крекери и мачмелоу. Искрено, овој пијалак повеќе е десерт отколку пиво.

Пиво со пица
Ова пиво не само што има арома на пица, туку во себе и содржи пица. Во процесот на производство се користи маргарита пица со босилек, лук и оригано. За среќа, пред да се флашира, пивото се процедува.

Пиво со банана
Бананите се користат за да му се даде овошна нота на пивото. Љубителите на ова пиво сметаат дека е слатко и дека прави одлична комбинација со темни пива.

Пиво со портокал
За да се произведе ова ароматично пиво се користи пулпа од портокал и чај од цветови на портокал. На овој начин се добива повеќе од пиво. Вистинска амброзија.

Солено пиво
Ова германско пиво, покрај веќе познатите состојки, содржи и млечна киселина и сол. Има соленкаст вкус, но и покрај тоа е неверојатно освежувачки пијалак.

Related Posts with Thumbnails