wordpress counter

Пиво какво што не сте пробале (2 дел)

Во претходниот дел уживавме во пивото со пица, банана, зелен лимон, портокал и солено пиво. Во овој дел ве запознаваме со уште неколку вкусови, кои веруваме дека не сте ги пробале.

Пиво со алги
Ова пиво е шкотски изум. Станува збор за светло пиво подготвено со свежи морски алги, чоколадо и кафе. Иако, преовладува вкусот на кафето и чоколадото, сепак се чувствува и солената нишка на морето.

Пиво со какао, чили, ванила и цимет
Тампа, Флорида е дом на ова најневеројатно пиво. Вкус на перуанско какао, чили, мадагаскарски зрна ванила и цимет. Пиво за секој авантурист.

Пиво со зачини
Во ова пиво нема што нема. Плодови смрека и чај подготвен со кардамом, цимет, каранфилче, ѓумбир и ред други тревки. Сепак, вкусот на пиво преовладува, додека зачините се во втор план.

Пиво со гуарана
Повторно пиво со шкотско потекло. Гуарана, лешници, мед, афион… Покрај состојките, интересно е и името на пивото – Догма.

Related Posts with Thumbnails