wordpress counter

Пивото и вкусот на слободата

Пивото е еден од омилените пијалаци во секој дел на светот. Но, немаат сите шанса да уживаат во шише студено пиво. Една од ретките земји во која населението немало можност да пие пиво во последните 50-тина години е африканската држава Судан.

Во текот на 50 години колонијална власт, граѓански војни и шеријатски закон (секој жител фатен со пиво ризикувал 40 удари со камшик), суданците биле спречени да уживааат во локалното пиво. Но, сега, кога јужните делови на оваа пеколно топла земја се пред независност, се отвараат вратите на уживањето.

SABMiller, светски гигант во производство на пиво, изгради модерна фабрика која чинеше 32 милиони долари. Пиварницата е лоцирана во главниот град на јужниот дел, Џуба. И покрај ризикот од војна и конкуренцијата од Уганда и Кенија, која најде село без кучиња, сепак SAB одлучи да ризикува.

Иако наиде и на ред други проблеми, како што е немање инфраструктура, електрична енергија, вода за пиење и квалификувана работна сила (голем дел од луѓето таму никогаш ништо не работеле), сепак, желбата за пиво беше поголема од секоја пречка.

Обидите за производство на пиво во овие делови на Судан имало и претходно, но сите завршиле без успех. Уште во 70-тите години, кога завршила првата граѓанска војна, една белгиска пиварница се обидела да отвори фабрика. Властите во Картум никогаш не дозволиле производството да започне.

Овој пат нема никакви пречки. Конечно и суданците ќе може да уживаат со студено пиво и добро друштво во долгите топли вечери. Нека им е со среќа.

Related Posts with Thumbnails