- Гурман™ - https://gurman.mk -

Подводен вински подрум

Во текот на 2013 година, во водите на Атлантскиот океан, ќе се отвори вински подрум кој ќе се наоѓа на оддалеченост од 150 метри од брегот и на длабочина од дури 1.000 метри.

За да се спречи плутените тапи да попуштат и да експлодираат поради големиот притисок, виното ќе се чува во сандаци од нерѓосувачки челик кој може да издржи висок притисок. Сандаците ќе бидат прицврстени за дното и ќе бидат опремени со камери и систем за нивно следење.

Клиентите во овој подводен подрум ќе може да чуваат вино и до 10 години, а секои 2 години ќе им биде овозможено дегустација, за може да се следи процесот на стареење.

Клиентите ќе стигнуваат во подрумот со помош на бродови и подводни роботи, а и покрај егзотичната локација, почетната цена на услугите чини само 17 евра.