wordpress counter

Само ако сте за врвен пијалак

Во оваа статија ве запознаваме со 4 врвни пијалаци кои се произведени во многу мала количина и кои пленат со својот квалитет и вкус. Поради тоа и цената им е прилично висока. Но, како што знаеме сите – за врвен квалитет и уживање секогаш мора да се одвојат повеќе финансии.

Johnnie Walker 1805
Велат дека неговиот вкус може да се опише само со еден збор – сензационално. Сладок овошен мирис со примеси на ванила и вкус на свежо овошје (слива, јаболка и цреши).

Цена: 20.000 евра
Достапност: 200 шишиња

Isle of Jura
Освојува со вкус на цимет и лешник на почеток, а потоа со слатката голтка.

Цена: 2.100 евра
Достапност: 98 шишиња

Dalmore 1973 Cabernet Sauvignon
Ова вино може да се опише само на следниов начин – вкус на слатки агруми и мирис на мед кога ќе ја приближите чашата до вашата уста. Откако ќе го вкусите, ќе почувствувате комбинација од слива и цреша.

Цена: 1.700 евра
Достапност: 1000 шишиња

Whyte & Mackay (стар 40 години)
70% слад и 30% жито со вкус на чоколадо и кафе.

Цена: 800 евра
Достапност: 1.000 шишиња

Related Posts with Thumbnails