wordpress counter

Sancerre, Les Baronnes 2009

Лична карта
Врста: бело вино
Сорта: совињон
Берба: 2009
Регион: Франција
Производител: Henri Bourgeois
Температура на сервирање: 10-12 степени
Се комбинира со: како аперитив, со школки, ракови и јадења на база на бела риба

Повеќе од десет генерации се развива овој прекрасен Совињон во Сансер. Токму овој француски вински регион е еден од најзаслужните за меѓународната слава на оваа сорта вино. Оваа винова лоза се одгледува на терен кој е комбинација од глина и варовник, односно со еден збор – лапорец. Лозите се стари од 20-40 години. Сосема доволно да се добие капка вино со сериозна структура.

Има блескава, сламено-жолта боја и интензивен кремаст мирис на цвет на бозел и цитрусно овошје. На почетокот, со првата голтка, ќе почувствувате овошен „удар“ и вкус на бозел. Овошниот вкус се провлекува низ целата голтка, а финишира со долготрајна овошна гочливост, слична на онаа на грејпфрутот.

На прв поглед, ќе ви изгледа „диво“, но богатиот овошен вкус е она што го држи во совршена рамнотежа. Ова вино трпи елегантно влијание од позадина. Има минерална позадина, која се пробива низ овошниот вкус и нѐ носи во умерена комплексност. Ако го искомбинирате со јадења на база на бела риба, школки или морски ракчиња, тогаш ќе ја почувствувате сета негова моќ.

Related Posts with Thumbnails