wordpress counter

Seńorio de Orgaz, Brut

Лична карта
Врста: пенливо вино
Сорта: Macabeo и Airen
% на алкохол: 12%
Регион: Шпанија
Производител: UCSA
Температура на сервирање: 5-7 степени

Ова пенливо вино не е добиено со класичната постапка на долго вриење во боца, туку во сад од инокс. Виното за овој производ настанува со мешање на две сорти грозје – „Macabeo“ и „Airen“. Првата сорта се одгледува во Каталонија и на југот на Франција, додека втората е автохтона шпанска сорта, која некогаш покривала 30% од вкупните лозови насади.

Во ова вино преовладуваат овошните ноти, кои ќе ги почувствувате при самото приближување на чашата до вашата уста. Најмногу ќе почувствувате кајсија и праска.

Иако е многу суво, остава краткотраен, многу сочен ретровкус. Има релативно висока киселост, која се комбинира со ниската температура на послужување и на тој начин создава пријатно чувство во вашата уста. Навистина пристојно пенливо вино кое е наменето за прослави или секојдневно консумирање како аперитив.

Related Posts with Thumbnails