wordpress counter

Серијал: Луксузни пијалаци

Овој серијал го посветуваме на луксузните пијалаци и бројните вљубеници кои вистински знаат да уживаат во капка или чашка квалитетен алкохол. Од денес па натаму, еднаш неделно ќе ве запознаваме со еден врвен алокохолен пијалак.

Започнуваме со неговото височество – коњакот.

Martell Cohiba“
Земја: Франција
Цена: 18.000 денари
Пакување: 70 цл

„Martell Cohiba“ е буквално направен за да се ужива со квалитетна кубанска пура. Кога ќе се наточи во чаша, ќе забележите златно-килибарна боја која сјае низ ѕидовите на чашата. Аромата е избалансирана и многу комплексна.

Овој неверојатен коњак има фантастичен финиш и богато буке, кое полека ослободува непрекината низа од ароми која се градела во долг временски период. Може да се каже и со децении. Во таа низа од ароми ќе почувствувате сѐ она во што вашето сетило за мирис бескрајно ќе ужива: ванила, зачини, бибер и мирисливи цветови.

А, кога вашиот јазик ќе ги почувствува првите капки на „Martell Cohiba“, ќе влезете во светот на бескрајно рафинирана текстура. Текстура која ја сочинува неверојатена комбинација од вкусови, суптилно присуство на зрело овошје и мали финеси во кои егзистираат дабови ноти од бурињата во кои се чувало ова злато.

На здравје!

Related Posts with Thumbnails