wordpress counter

Шампањ

Во францускиот регион Champagne се произведува ова најценето пенливо вино. Се прави од штотуку созреано вино, со фин и остар вкус. Ова е вино е познато и како вино на кралевите, затоа што крунисувањето на француските кралеви со векови се одржувало во Рем, главниот град на регионот Шампањ.

Денес, повеќе е познато како вино на прославите, љубовта и романтиката и тоа поради својството да го подигнува расположението, дури и ако се напиете многу мала количина.

Кога ќе се решите да купите шампањ, тогаш погледнете ја етикетата. Ако пишува brut“ тогаш тоа е најкисело вино, ако е extra dry“ е малку послатко од брутот, додека demi-sec“ е најслатко.

Сите други пенливи вина се само имитација на ова француско ремек дело. И тие се квалитетни, но се многу поефтини и со посладок вкус. Освен францускиот шампањ се ценат и австралиските пенливи вина, кои се одлична замена.

Како куриозитет, постои и црно пенливо вино, но тоа е со послаб квалитет и е дел од ефтиното производство.

Related Posts with Thumbnails