wordpress counter

Тајното оружје на природата – Црна вода

Иновациите на полето на водата стануваат наше секојдневие. Со оглед на големото значење за нашето здравје, овие вести секогаш го привлекувале интересот на нашата редакција. Денес пишуваме за канадската компанија „Blk Beverages“. Станува збор за семејна компанија на семејството Манцо, а денес ја раководи младиот претприемач Алби Манцо. Причина за оваа статија е нивниот нов производ, познат како „Црна вода“.

Станува збор за извори на вода кои се во сопственост на семејството и кои се стари повеќе од 70 милиони години. Водата од изворот содржи фулвична киселина (која патем речено се смета за еден од најважните пронајдоци во последните 100 години) која ја прави црна по боја. Не содржи никакви вештачки бои или адитиви.

Водата содржи електролити, има pH вредност 9, има 77 минерали и антиоксиданси. Сето тоа благодарение на фулвичната киселина, која е важна за растот и животот на растенијата. Со нејзина помош, односно преку нејзината молекуларна структура, се овозможува брза апсорпција на 77 различни минерали од почвата, како и моќни елетролити и антиоксиданси. Водата минатата година ја освои и наградата за најдобра нова функционална вода на „2010 Water Innovation Awards“.

Засега, водата може да се купи во САД и Канада преку веб-страницата amazon.com. Доколку сакате дополнителни информации, тогаш можете да ги следите преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.

Related Posts with Thumbnails