wordpress counter

Топ кафе дестинации

Љубителите на кафе патуваат и до најоддалечените места на светот за да уживаат во најразлични мешавини и вкусови на кафе. Денес ви предлагаме 5 дестинации на кои сите кафе авантуристи би требало да се упатат, ако сакаат да пробаат посебно кафе.

Бразил
Бразил е најголемиот производител на кафе во светот. Можеме да одвоиме две главни врсти на кафе: Сантос, кое е мешавина со мека арома, и Рио кафе, кое е јако и горко.

Панама
Ако сакате вашето кафе да биде како десерт, тогаш Панама е вистинско место за вас. Со вкус на ванила и карамел, Carmen Estate кафето е слатка мешавина со повеќеслоен вкус.

Индонезија
Оваа земја е дом на најскапото кафе на светот – Копи Луак. Ова единствено кафе се прави од зрна кои ги јаде една посебна мачка, потоа тие минуваат низ нејзиниот дигестивен систем, се собираат, се мијат и се печат, за да се добие посебен вкус.

Виетнам
Weasel кафето е виетнамска верзија на Копи Луак, но наместо на мачките, се користи дигестивниот систем на ласиците. На тој начин, се добива мазно, вкусно кафе кое мириса на миск. Ако не ви се допаѓа идејата да пиете кафе кое поминало низ ласица, имате и синтетичка верзија на ова кафе.

Колумбија
Колумбија е третиот најголем производител на светот. Columbian Supremo е фантастично кафе кое има ароматична слаткост, додека Excelso Grade е помеко и покисело на вкус.

Related Posts with Thumbnails