wordpress counter

Вински туризам (3 дел)

Во претходните статии прошетавме низ многу европски вински региони. Денес, пиеме вино и шетаме низ Жирансон во Франција, Херез во Шпанија и Халкидики во Грција.

Жирансон, Франција
Жирансон е мал вински регион на југозападот на Франција, каде што грозјето зрее помеѓу банани и палми. Овој регион е познат по слатките вина, поточно аристократски вина. Самиот регион се наоѓа во подножјето на Пиринеите, а од сортите грозје може да се најдат „manseng“ и „courbu“. Слатките вина имаат арома на манго и ананас, а грозјето се бере кон крајот на октомври и цел ноември. Според легендата, кралот Хенри IV бил помазан токму со вино од Жирансон.

Херез, Шпанија
На југот на Шпанија, во врелата Андалузија, успева врста на грозје од кое се прават едни од најсувите вина на светот. Кое вино и да го вкусите, нема да погрешите. „Palomino fino“ e познато како врвен аперитив. Во овој регион се произведуваат 60 милиони литри вино годишно. Најпознати сорти се „palomino“, „palomino fino“, „palomino de jerez“, „pedro himenez“ и „moscatel“. Покрај вината, оваа област е карактеристична и по шери. Искрено, да пропуштите да се напиете една чашка „Brandy de Jerez“ е еднакво на грев.

Халкидики, Грција
Кога сте на Халкидики и ќе се вратите од плажа, најубаво е да уживате во чаша вино на зајдисонце. Ако сте за бело вино, тогаш тоа нека биде „malagousia och limnio“, додека ако сте љубител на црвеното вино – „xynomavro“. Најдобрите лозја се наоѓаат на вториот крак – Ситонија. Тука, на падините на планината Мелитон, успеваат „каберне совињон“, „шираз“ и автохтоните „assyrtiko“, „athiri“, „lemnio“ и „roditis“. Секако, не заборавајте да го посетите и Атос. Таму покрај духовното издигнување, ве чекаат навистина врвни сорти манастирски вина.

Related Posts with Thumbnails