wordpress counter

Виски од истокот

Иако шкотското виски и американскиот бурбон се сметаат за суверени владетели на овој пазар на пијалаци, една нова сила почнува да се појавува во светски размери. Далечниот Исток, на чело со Јапонија, настојува да покаже дека и нивните производи не се за фрлање.

Најголеми ривали во Јапонија се Сантори и Ника дестилериите. Ника ја основале работници кои ја напуштиле Сантори фабриката и започнале да произведуваат виски по шкотски урнек.

Иако јапонците сѐ уште користат јачменов слад, останатите фази на производство и начинот на одлежување на овој производ денес се разликува од шкотските процедури. На тој начин, производителите од истокот настојуваат да создадат посебен, уникатен производ.

Сантори постојано ја зацврстува својата позиција на пазарот, а во тоа особено им помогна Yamazaki Single Malt. Оваа дестилерија веќе ги освојува светските пазари и пробирливиот вкус на љубителите на вискито. По исти стапки тргнаа и останатите производители. Нам ни останува да дегустираме и да дегустираме и да дегустираме

Related Posts with Thumbnails